Технолошкиот гигант Apple објави нова видео реклама со која ја промовира истрајноста на батеријата на iPhone 14 Plus, како дел од кампањата “Relax, Its iPhone” („Уживај, тоа е Ајфон“).
Спотот кој е едноставно насловен “Tractor” прикажува фармер кој го вози својот трактор по долг пустински пат, додека влече џиновска тиква на својата приколица. Нема градби, нема луѓе, нема живот со километри – само тој и отворениот пат.
Напред, фармерот го има својот верен iPhone кој го води по еднонасочниот пат, додека во позадина оди песната „Две милји на час“ од Ludacris.
Некаде по патот, гласовниот асистент на телефонот му кажува дека преостануваат уште 102 милји до крајната дестинација, што истовремено укажува на истрајноста на батеријата на уредот. Спотот завршува ненадејно, додека фармерот опуштено продолжува да го вози својот трактор по пустинскиот пат.
Едноставната реклама ефикасно ја пренесува својата поента, давајќи им до знаење на гледачите дека батеријата на паметниот телефон може да издржи колку должинате на пустински пат во „недојдија“, а вие да бидете целосно опуштени.