На 7-ми јули 2023 година, најголемиот сајт за огласување во државата Пазар3.мк го прослави својот седумнаесетти роденден. Кај Пазар3.мк се забележува дека сите овие години беа проследени со голем раст на корисници, бизнис партнери, проекти и најважно – зголемување на довербата што корисниците ја укажуваат кон овој сајт за огласување.
Од самиот почеток, на 7-ми јули 2006 година, кога македонскиот пазар доби нова алатка за поврзување на продавачите и купувачите – Pazar3.mk, голем број на корисници ги препознаа предностите и сите придобивки кои ги нуди онлајн купувањето и продавањето преку оваа платформа за огласување.
Значајни бројки за Пазар3.мк (12.07.2023):
- Вкупен број на огласи – 524.407
- Вкупен број на продавници – 3.249
- Најпопуларна категорија на сајтот – Живеалишта, со вкупно 171.745 огласи
- Најчесто огласуван бренд на автомобил – Volkswagen, со вкупно 16.884 огласи
- 70.000 посетители на дневно ниво
Пазар3.мк е водечка платформа за огласување, која им овозможува на физичките и правните лица да учествуваат во онлајн трговијата. Пазар3 ги обединува луѓето кои купуваат, продаваат или сакаат да разменуваат производи и услуги преку обезбедување на едноставен и лесен начин за објавување огласи преку мобилен телефон или компјутер.
Секој месец, илјадници луѓе ширум земјата го користат Пазар3 за да најдат и продаваат широк спектар на производи, вклучувајќи компјутери, мобилни телефони, мебел, спортска опрема, услуги, недвижен имот, одлични модели на автомобили од познати брендови како mercedes, mercedes a class, mercedes g class и многу, многу друго. Дополнително, Пазар3 им овозможува и полесен начин за онлајн тргување на сите свои корисници со услугата Пазар3 карго достава. Пазар3 се грижи за целосно организирање на доставата помеѓу купувачите и продавачите, со што го прави процесот на купување и продавање лесен, брз и едноставен!