Според податоците на Пресклипинг, во изминатата недела, најмногу за банките објавувале интернет порталите кои објавиле дури 162 објави од вкупно 212 информации во сите медиуми.
Најзастапена банка на интернет порталите била Народна банка а додека со најголем број на објави на телевизија и радио минатата недела беше Тутунска банка. Во весниците пак, најголем број на објави повторно имало за Народна банка и Тутунска банка кои се следени од Светска Банка и Шпаркасе банка.
Kurir.mk и Plusinfo.mk се двата веб сајтови кои имале најголем број објави поврзани со банките а после нив следуваат…
(клик на сликата за зголемен приказ)
Од Телевизиите, темите со банките и банкарскиот сектор најмногу ги третирале МТВ 1 и Сител, додека пак Утрински весник и Вечер биле печатените медиуми кои најмногу објавувале за банките. Кај радио станиците -> Mакедонското радио.
Најзастапени банки на ТВ и Радио минатата недела биле Тутунска банка со 5 објави и Светска банка со 4. Останати банки кои добиле простор на ТВ и радио биле:
Во весниците најмногу се пишувало за Народна Банка и Тутунска Банка (по 9 пати) а потоа за Светска Банка (5 пати), Шпаркасе Банка (3 пати) и Стопанска Банка(2 пати).
Извор на информации – PressClipping, статистичка анализа за група Банки.