За своето јулско издание, магазинот Glamour Bulgaria ја генерираше својата насловна страница целосно со помош на вештачка интелигенција, што го прави, наводно, првото модно списание од висок профил што го има постигнато овој подвиг.
View this post on Instagram
Ликот за насловната го позајми американскиот модел Лиса Опи, која со својот стилист Џои Ролон се одлучиле за „Barbie“ тематика, во контекст на неодамна лансираниот истоимен филм со актерката Маргот Роби.
Моделот и нејзиниот стилист направиле повеќе десетици фотографии, кои потоа му биле дадени на дигиталната артистка Елиса Фран, која веќе подолго време експериментира со вештачката интелигенција. Направените фотографии биле внесени во генератор базиран на вештачка интелигенција, кој за 20-тина минути испорачал над 50 различни илустрации од кои евентуално била избрана насловната страница на магазинот.
Според Лиса Опи, целиот процес бил „навистина забавен“ и „супер, супер, лесен“. Моделот објаснува дека ваквиот начин на работа драматично го забрзува и поедноставува моделирањето, истовремено истакнувајќи ја неговата еколошка одржливост – со оглед на тоа што не мора да се лета од еден до друг континент.
Меѓутоа, моделката не заборави да ги истакне и потенцијалните ризици од развојот на вештачката интелигенција и автоматизацијата, како на пример намалување на бројот на работни места во индустријата, како и создавањето на лажни “deep fake” слики.
View this post on Instagram