Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, Елон Маск, најави дека платформата наскоро ќе се ребрендира, откажувајќи се од препознатливата сина боја и логото со птица.
Новото име на социјалната платформа ќе биде само „X“, а досегашната сина боја ќе се замени со црна. Логото ќе биде знакот „X“, со еден потенок и еден поширок крак, изведени во бела боја на црна основа.
„И така наскоро ќе се поздравиме со брендот на Твитер и, постепено, со сите птици“ – напиша Маск на Твитер. Милјардерот потоа објасни дека логото веројатно ќе биде заменето уште оваа недела, а неговото значење ќе биде „да ги отелотворува несовршеностите во сите нас што нѐ прават уникатни“.
And soon we shall bid adieu to the twitter brand and, gradually, all the birds
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
Во однос на најавените промени се огласи и генералната извршна директорка на Твитер, Линда Јакарино, која напиша: „Со години, обожавателите и критичарите го туркаа Твитер да сонува за поголеми нешта, да иновира побрзо и да го исполни нашиот голем потенцијал. X ќе го направи токму тоа и многу повеќе. Веќе почнавме да гледаме како X се обликува во изминатите 8 месеци преку нашите лансирања на нови функции во брзо темпо, но само што почнуваме… Апсолутно нема ограничување за оваа трансформација. X ќе биде платформата што може да испорача, епа….сè. Елон Маск и јас со нетрпение очекуваме да работиме со нашите тимови и со секој еден од нашите партнери за на светот да му го донесеме X.“
For years, fans and critics alike have pushed Twitter to dream bigger, to innovate faster, and to fulfill our great potential. X will do that and more. We’ve already started to see X take shape over the past 8 months through our rapid feature launches, but we’re just getting…
— Linda Yaccarino (@lindayacc) July 23, 2023
Останува да видиме колку ова ребрендирање ќе биде успешно и како ќе биде прифатено од корисниците на платформата.
UPDATE:
Кратко време по првичното објавување на овој текст, Твитер и официјално го промени логото во новото “X”.