Пивскиот бренд Heineken, кој воедно е глобален партнер на Формула 1, вчера ја претстави својата најнова кампања “The Best Driver” („Најдобриот возач“), како дел од платформата “When You Drive, Never Drink” („Кога возите, никогаш не пијте“). Кампањата го вклучува актуелниот светски шампион во Ф1 и амбасадор на безалкохолното пиво Хајнекен 0.0, Макс Верстапен, кој ја носи својата ѕвездена моќ за да помогне во промовирањето на одговорното пиење меѓу публиката.
Во новата кампања, возачот на Oracle Red Bull Racing е прикажан како се дружи со пријателите и постојано е избран да ја преземе улогата на нивен возач, поради тоа што е „најдобриот“. Филмот вешто нагласува дека иако некои од најдобрите возачи доаѓаат од светот на Ф1, одлуката треба да се заснова само на тоа кој не се напил… освен ако, се разбира, пијалокот е Хајнекен 0.0.
Кампањата произлегла како резултат на ново истражување кое покажало кои се некои од главните арбитрарни причини при назначувањето возач во едно друштво, вклучувајќи го нивното возачко искуство, удобноста при возењето или едноставно личноста која се понудила да вози. Преку оваа нова кампања, Heineken има за цел да истакне дека кога станува збор за враќање дома после ноќно излегување, единствената личност избрана да седне зад воланот треба да биде онаа која не пиела алкохол.
„Како Ф1 возач, носењето правилни одлуки на патеката и надвор од неа е од витално значење за успехот. Кога возите, клучно е да се има таа јасност и фокусираност на умот, особено кога станува збор за безбедноста. Покрај тоа што работам на претстојната, возбудлива гејминг иницијатива на Heineken наречена Player 0.0, горд сум како амбасадор на Heineken 0.0 што помагам во промоцијата на одговорното пиење меѓу љубителите на мотоспортот ширум светот. Кампањата беше забавна за снимање и се надевам дека сите не само што ќе уживаат во филмот, туку и ќе ја прифатат важната порака зад него“ – истакнува шампионот Макс Верстапен.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Le Pub, дел од Publicis Groupe, и продукциската куќа Prettybird.