Една од кампањите кои, слободно можеме да кажеме дека ја одбележаа 2014 година, беше и таа во организација на агенциите на ОН во државава насловена како “16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“.
Глобалната кампања која се организира секоја година од 25 ноември до 10 декември, има за цел подигнување на јавната свест поврзанa со овој социјален феномен фокусиран на родово базирано насилство и превенција од истото.
Оваа година, глобалното мото беше: Orange your Neighborhood!
Во цел свет, во кампањата се вклучуваат јавни познати личности, изразувајќи го својот став пренесувајќи порака „НЕ за родовото базирано насилство“.
Во одлчно изведената локална, македонска, кампања имаше вклучување на јавни личности од сите сфери, инволивање на невладиниот сектор на национални ниво, како и ангажман од страна на голем број останати општествени чинители.
Погледнете како изгледаше сето тоа во видеото во продолжение: