Брендот на чипс Lay’s му посака необично добредојде во Америка на можеби најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси.
Инспирирани од кратенката G.O.A.T. која се користи во значење на “Greatest of All Time” („Најдобриот на сите времиња“), но истовремено во буквален превод значи „коза“ (goat), брендот создаде кратка видео реклама во која 807 кози го формираат ликот на фудбалската легенда.
Бројот на кози, од кои повеќето биле создадени со помош на компјутерска анимација, го симболизира бројот на голови кои ги имаше постигнато Меси пред трансферот во тимот на Интер Мајами. Но, со оглед на тоа што фудбалерот постигна нов гол на своето деби, брендот набргу ја ажурираше рекламата со уште една дополнителна коза – вкупно 808 на број.
Рекламата е создадена со помош на D3, in-house креативната агенција на матичната компанија Frito-Lay’s.