„Кој високо лета, ниско паѓа“ е поговорка која на некој начин соодветствува на актуелната состојба со новата социјална мрежа Threads на Мета.
Откако платформата достигна бројка од 100 милиони корисници во рекордно време од само пет дена, генералниот извршен директор на матичната компанија Мета, Марк Зукерберг, потврди дека платформа во меѓувреме загубила половина од своите корисници.
„Ако повеќе од 100 милиони луѓе се регистрираат, идеално би било доколку сите или дури половина од нив останат тука. Но, ние сè уште не сме стигнати таму“ – рекол Зукерберг на состанок со вработените. Тој понатаму ја опишал ситуацијата како „нормална“ и рекол дека очекува задржувањето на корисниците да се подобри со додавањето нови функции во апликацијата.
Threads е социјална мрежа со фокус на кратки текстуални објави, замислена како конкурент на Твитер (т.е. „X“ по ново). Меѓутоа, уште на самиот старт платформата наиде на критики од корисниците поради ограничената функционалност.
Оттогаш, девелоперскиот тим на платформата ја подобри ситуацијата, додавајќи повеќе корисни функции како подобра категоризација на објавите од профили кои ги следат или предложени содржини од интерес, како и превод на објавите од повеќе јазици. Меѓутоа, останува уште работа…