Глобалната директорка за брендирање и креативност на социјалната мрежа ТикТок, Кејти Ричио Пурис, се повлекува од функцијата која ја вршеше во последните две години – пренесува адвертајзинг магазинот Campaign.
Улогата на Кејти вклучуваше изработка на регионални и глобални бренд кампањи, надгледување и организирање на спонзорирани настани, како и развој на креативни решенија за поддршка на спортски и забавни партнерства на брендот.
Таа беше назначена на позицијата во јули 2021 година, откако една година претходно ја вршеше функцијата управен директор и глобален директор за бизнис маркетинг на ТикТок. Таа помогна во во лансирањето на креативната лабораторија на TikTok, TikTok for Business и ја водеше B2B маркетинг стратегијата на компанијата.
Пред ТикТок, Кејти Ричио Пурис работела во Facebook и Google, а пред тоа во креативната агенција BBDO.
Според објавен оглас од страна на ТикТок уште во април годинава, за истата позиција која ја вршеше Кејти Ричио Пурис, заинтересираните кандидати треба да имаат над 15 години искуство во креативни улоги на високо ниво во технолошки, забавни или брендинг компании, како и деценија искуство во водењето на големи брендови и креативни тимови и управување со регионални или глобални агенциски односи.