Доследни на својот познат слоган „Have a Break“ („Направете пауза“), брендот на чоколди KitKat лансираше нова кампања за пазарот на Обединетото Кралство со која ги охрабрува луѓето да не дозволуваат технолошките проблеми да им го упропастат денот.
Од чудни безбедносни прашања до заборавени лозинки или додавање кон уште еден групен разговор, кампањата ќе ги адресира секојдневните фрустрации кои произлегуваат од интеракциите со технологијата.
„Во KitKat се залагаме за паузи повеќе од 85 години, а нашата нова кампања не е исклучок. Во денешниот свет со брзо темпо, сите ние се соочуваме со постојани барања да правиме повеќе и да бидеме повеќе, па затоа одморот е поважен од кога било. Преку оваа кампања, сакаме да ги охрабриме луѓето да се тргнат од своите технолошки фрустрации, да одвојат момент да размислат, да се ресетираат и да се вратат со обновена перспектива. И, се разбира, кој подобар начин да се одморите отколку препуштање на вкусното чоколатче на KitKat? Продолжете напред, направете пауза, земете KitKat!“ – посочува Стефани Скејлс, виш бренд менаџер во KitKat за Обединетото Кралство.
Кампањата ќе се релизира од август до ноември 2023 година, а хумористичните реклами ќе се емитуваат на телевизија, на разни онлајн канали, како и на дигитални билборди на повеќе локации ширум Велика Британија.