Cannes Lions одлучи да ги награди проектите кои се борат против предрасудите и стереотипите со нова награда “Стаклен лав“ (“The Glass Lion: The Lion for Change”) која официјално беше промовирана во текот на вчерашниот ден, во соработка со LeanIn.org.
Фестивалот одамна го подржува ставот дека маркетингот ја менува и самата култура, а со новата награда сака да ги подржи сите позитивни промени во светот на комуникациите.
“Почестени сме што токму нас не сметаат како мерка за креативната исклучителност. Креативноста има сила да ја промени културата и светот во поширока смисла на зборот, на длабок и позитивен начин. Наградувањето на креативните проекти кои се борат против стереотипните прикажувања во маркетинг комуникациите е нешто што , веруваме, ќе предизвика вистински промени во индустријата и заедницата“, изјави Филип Томас, CEO на Lions Festivals.
Cannes Lions одлучи и дека целиот приход од надохнадите за учество на Glass Lions ќе биде дониран како парите би можеле да се вложат во програма која промовира и овозможува создавање на полово-неутрален амбиент. Деталите за програмата ќе бидат објавени во наредните неколку седмици.
“Стаклениот Лав“ на некој начин претставува и продолжување на иницијативата See it Be it, која е наменета за промовирање на жените со кариери во огласувачката индустрија.
Бодовите освоени во новата категорија ќе се калкулираат и за посебните награди – признанијата за агенции, мрежи и холдинг на компании на годината. Пријавите може да се испраќаат од овој момент, а крајниот рок е 27 март. Повеќе информации може да се најдат на http://www.canneslions.com/cannes_lions/awards/the_glass_lion/overview