Брендот за спортска опрема Nike ја лансираше својата нова кампања “Here We Go: The Next Generation of Sport” која има за цел да ги слави младите жени и девојки кои го редефинираат спортот според нивните услови, истовремено поттикнувајќи ги сите млади Австралијци повторно да размислат што значи да се биде победник и бестрашно да ги слават своите победи.
Краткиот филм “Show the World Your Victory” ја претставува следната генерација на австралиски спортистки, вклучително и скејтбордерката Клои Ковел, атлетичарката Ајви Бутројд, сурферката и голферка Сиера Кер, фудбалерката Индијана Дос Сантос и екипата танчерки на Младинската програма Бангара. Филмот ги доловува младите спортисти кои одредуваат како ќе изгледа победата во иднината на спортот.
Како дел од посветеноста на Nike да го поддржува развојот на спортот преку значајни инвестиции, компанијата веќе склучила спонзорски договори со сите претставени спортистки кои сега се дел од едно спортско семејството кое постојано се шири.
„Многу сме возбудени што ја лансиравме нашата најнова бренд химна за да ја покажеме посветеноста на Nike не само во развојот на женскиот спорт, туку и да помогнеме да се изгради подобра игра со повеќе инвестиции, достапност и напредок. Во спортот, важно е да се претстават спортистките кои своите победи ги слават моќно и без страв. Со овој филм сакаме да покажеме што сѐ е можно, да го елиминираме стравот од осудување и на крајот да ја забрзаме иднината на спортот на и надвор од терените“ – објаснува Енди Кит, виш маркетинг директор во Nike за пацифичкиот регион.
Содржините на кампањата ќе се пласираат и преку глобалните комуникациски канали на брендот со цел го пренесат инспиративниот оптимизам на австралиската младина низ целиот светот.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Conscious Minds и продукциската куќа Collider.