Швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer го проширува своето портфолио на извонредни спортски амбасадори.
Брендот потпиша спонзорски догвори со американскиот спринтер Фред Керли, светски шампион на 100 метри и добитник на сребрен медал на Олимписките игри, како и со најмладиот боцвански спринтер Лециле Тебого. Како нова амбасадорка на TAG Heuer беше претставена и надежната канадска пливачка Самер Мекинтош.
Со нивните динамични личности и непогрешлива енергија, тие се подготвени да станат новите лица на паметниот часовник TAG Heuer Connected Caliber E4 Titanium од 42MM.
Се работи за часовник со совршен спој на врвни перформанси и неспоредлива елеганција. За храбри, самоуверени и активни лица, часовниците од оваа серија формираат енергична колекција што ги воодушевува ентузијастите и љубителите на смелите спортови, обезбедувајќи им можност да ги следат своите телесни перформанси со леснотија и елеганција.
Официјални застапници за производите на Tag Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.