Лондонската агенција WCRS во соработка со неколку организации за заштита на правата на жените, на неколку локации низ Лондон постави феноменален интеркативен билборд по повод Меѓународниот ден на жената (8 март).
На билбордот е прикажано лице на жена со модринки, кое сугерира дека истата била цел на физичко малтретирање.
Билбордот користи технологија на препознавање на лица и ги “лови“ сите оние кои ќе застанат пред билбордот и ќе ја погледнат креативата и пораката. Откако неколку луѓе ќе посветат неколку свои мигови гледајќи кон билбордот, лицето со модринки почнува да се лечи…модринките зарастуваат а пораката која се испраќа, дека не смееме да ја завртиме главата и да го игнорираме проблемот, гласно се слуша !! Браво !
Погледнете како изгледа сето ова:
Women’s Aid #lookatme campaign from Ocean Outdoor on Vimeo.