Познатиот канадски рапер и R&B изведувач Обри Грејам, попознат како Дрејк, вчера го претстави омотот за својот осми студиски албум, насловен “For All the Dogs“, кој официјално треба да се појави на пазарот до крајот на неделава.
View this post on Instagram
Меѓутоа, она што предизвика особено внимание кај музичката и дизајнерската јавност е фактот што насловната илустрација за новиот албум на Дрејк не е создадена од некој познат уметник или графички дизајнер, туку од неговиот петгодишен син Адонис Грејам.
Се работи за груба скица на бело куче врз црна позадина, надополнето со впечатливи црвени очи. Според енергичните потези и чкртаници, многумина го споредија стилот на малиот Адонис со оној на познатиот уметник Жан-Мишел Баскијат, нерекувајќи го дури „Бебе Баскијат“.
Впечатливиот омот наиде на големо одобрување и пофалби од страна на фановите на Дрејк, како и на пошироката јавност. Останува да видиме дали и колку ваквиот храбар потег на еден од најпродаваните артисти на денешницата ќе се одрази врз дизајнерските трендови во музичкиот свет во блиска иднина.