Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ја објави прелиминарната програма за овогодишното 29. издание, кое треба да се одржи на 9 и 10 октомври 2023 година во Порторож, Словенија.
Оние кои имаат купено „Комплетна пропусница“ ќе го добијат целосното и сеопфатно искуство на двата фестивалски денови. По пристигнувањето на местото на настанот и регистрацијата на учеството, првата вечер ќе вклучува „Забава за загревање“ поддржана од Radio Capris во локалот News Café Bernardin во Порторож.
Следниот ден почнува работната програма на фестивалот, со гостински предавања и дискусии на кои учесниците ќе можат да научат нешто повеќе за најновите збиднувања и трендови на развој во креативната индустрија.
По завршувањето на работните сесии, ќе следува наградната церемонија поддржана од Mastercard, на која ќе бидат наградени најуспешните креативни кампањи во изминатата година. За агенциите и креативците кои се заинтересирани да учествуваат во натпреварот со свои кампањи, сѐ уште постои простор за пријавување до 1 септември. Пријавувањето се врши на овој линк.
Втората и последна фестивалска вечер ќе биде крунисана со „Забава на златните ѕвезди“, поддржана од HitRadio Center, која ќе се одржи во Caffe Teater во Пиран.
Прелиминарната програма на фестивалот може подетално да се разгледа на следниот линк.