Посебна шанса за продуцентите, сценаристите, режисерите и другите креатори на телевизиски серии и филмови од земјите од Централна и Источна Европа
NEM Contest се враќа на третото издание на настанот за телевисиката индустрија NEM Zagreb. Светски познати експерти и носители на одлуки, како членови на жирито, внимателно ќе ја разгледуваат и оценуваат секоја апликација и ќе дадат повратни информации, а тројца финалисти на натпреварот од секоја категорија ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи во живо. Победникот од секоја категорија ќе освои 5.000 евра, а нивните патувања на слични настани во Европа ќе бидат финансирани преку наменска програма за размена со цел дополнително промовирање и/или продажба на нивниот проект.
Авторите од земјите од Централна и Источна Европа можат бесплатно да аплицираат до 19 септември 2023 година, по што котизацијата за учество ќе биде 100 евра до крајниот рок за поднесување апликации – 19 октомври.
Натпреварувачите можат да се регистрираат со избирање на опцијата Badge Contestant и да поднесат идеја откако ќе го пополнат формуларот за апликација според категоријата за која аплицираат. Секој натпреварувач може да поднесе најмногу еден проект по категорија. Со регистрацијата и поднесувањето на проектот, учесниците добиваат неограничен пристап до NEM Zagreb 2023.
Проектите може да се пријават во четири категории:
- Серии од сите жанрови: драма, трилер, криминалистика, фантазија, научна фантастика, комедија итн.
- Игран филм (првенствено за стриминг публиката) од сите жанрови: драма, трилер, романса, криминалистика, фантазија, научна фантастика, комедија итн.
- Документарен серијал/Долгометражен документарен филм
- Забавна емисија.
Фокус на ТВ серии и филмови
NEM Zagreb е фокусиран на креирање телевизиски содржини во земјите од Централна и Источна Европа со низок продукциски капацитет и копродукција помеѓу земји со низок и висок продукциски капацитет. Во периодот од 6 до 8 декември 2023 година, во хотелот „Еспланада“ во Загреб, настанот и оваа година ќе се фокусира на креативната страна на ТВ индустријата во Централна и Источна Европа, и тоа не само кога станува збор за ТВ сериите, туку и за филмовите.
Главната цел е едукација, поврзување, продукција, копродукција и промовирање на професионалци, компании и проекти, купување на содржини во и надвор од регионот на Централна и Источна Европа, како и инвестиции на европски или светски стримери во оригинални содржини од регионот.
Одржувањето на NEM Zagreb 2023 е кофинансирано од Европската Унија, преку потпрограмата „Креативна Европа МЕДИУМИ“.
Со цел да се поддржи и презентира разноликоста и креативноста на телевизиската и филмската индустрија во Европа, за заинтересираните учесниците од регионот на Централна и Источна Европа и земјите со низок продукциски капацитет, NEM Zagreb 2023 нуди посебни цени за учество.
Повеќе информации се достапни на веб-страницата на NEM Zagreb 2023 на следниот линк.