Сите сме ја слушнале поговорката дека „Рим не бил изграден за еден ден“, укажувајќи на тоа дека потребно е време, трпение и напор за да се достигнат т.е. изградат големи и вредни нешта.
Меѓутоа, според Amazon, нивните деловни алатки за онлајн купување можат значително да го олеснат и забрзаат тој процес, односно Римјаните можеле да го изградат својот „Вечен град“ многу побрзо доколку едноставно ги користеле паметните услуги на Amazon Business.
Нудејќи попуст при големи набавки на материјали, препораки за тоа што треба да се купи, па и аналитика за следење на сите расходи – Amazon Business во новата реклама за британскиот пазар не само што го помага градењето на Рим за еден ден, туку и го овозможување земањето на дополнителен слободен ден за менаџерот на проектот.
Кампањата е создадена со помош на независната креативна агенција Joint London.