Фестивалот SoMo Borac powered by Httpool, кој оваа година ќе се одржи 11-ти пат по ред, се позиционираше како настан кој ја обединува дигиталната заедница и ги наградува најдобрите креативци од дигиталната индустрија. За прв пат настанот ќе се одржи во формат на целодневна конференција на која ќе се соберат бројни експерти од областа на дигиталниот маркетинг.
Како предавач на овогодинешниот SoMo Borac ќе настапи Ваманан Пуванесваран, директор за ТикТок во една од најдобрите агенции во Швајцарија – Monami, кој со публиката ќе го сподели своето знаење за дигиталниот маркетинг и една од најпопуларните социјални мрежи во светот. Во рамки на своето предавање „TikTok as a business: And We Never Danced“, Ваманан ќе ја претстави работата на агенцијата Monami и начинот на кој тие го користат ТикТок како алатка за забава и едукација. Агенцијата Monami здружува експерти и ентузијасти од дигиталниот свет од Швајцарија и Германија, а нивното поле на работа вклучува креирање стратегии и кампањи и управување со комуникација на социјалните мрежи.
Ваманан Пуванесваран во последните неколку години се специјализираше за “storytelling”, а пред тоа раководеше со комуникацијата на социјалните мрежи во различни медиумски куќи. Тој работи во агенцијата Monami повеќе од две години, каде целосно се посвети на TikTok, развивајќи идеи и стратегии за широк спектар на теми и клиенти.
Покрај интересната тема за ТикТок како многу популарна социјална мрежа, на SoMo Borac ќе се одржи и предавањето „Award-winning DOOH ads you have to see!“ за наградуваните DOOH (Digital Out of Home) проекти. Предавањето ќе го одржи наградуваниот искусен експерт во креативната, адвертајзинг, маркетинг и технолошката индустрија, Дино Бурбиџ. Работел во многу креативни индустрии, како филмската, музичката, огласувачката, outdoor, индустријата на компјутерски игри и мобилни апликации. Добитник е на бројни награди за креативност и иновација, вклучително и злато на Cannes Lions и на BAFTA, а именуван е и во BIMA 100 – листа на поединци кои даваат значаен придонес во обликувањето на иднината на дигиталната индустрија во Обединетото Кралство. Тој е одличен промотор на креативноста и технологијата во сферата на OOH, жирирач на неколку панели за OOH награди, а своето знаење со задоволство го споделува со компании на кои им помага да креираат кампањи, да освојуваат награди и да остават белег во дигиталната индустрија.
SoMo Borac е најважната награда за дигитални проекти во регионот, која се доделува единаесетта година по ред, а коорганизатор на овој настан е Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI). Конкуренцијата секоја година е сѐ посилна, а стручното жири е сѐ побројно. Наградите се доделуваат во две секции – SoMo Media, која ги обединува дигиталните издавачи од најважните регионални медиуми и SoMo Advertising, која ја обединува заедницата на дигитални маркетери од целиот регион. До вторник, 12 септември, како дел од акцијата Back-to-Business, можете да ги набавите вашите влезници за учество на настанот по цена од 99 евра.
Сите новосите за SoMo Borac можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac, на официјалната веб-страница, или преку Facebook, Instagram и LinkedIn.