Општественото влијание на огласувањето е неспорно. Тоа влијае не само на однесувањето на потрошувачите, туку и на општествените ставови, перцепции и однесувања. Во исто време, сѐ поголем фокус се става на „целта“ на брендовите. Зошто мислиме дека на брендовите им е потребна цел за да се равиваат? Дали е ова поврзано со пазарната моќ на младата Генерација Z? Дали е тоа повеќе поврзано со бизнисот или со етиката? И конечно, дали агенциите можат да опстанат без цел?
На овие и повеќе горливи прашања ќе се обиде да одговори Кинга Грзелевска, управен партнер и креативен директор во агенцијата MullenLowe Warsaw од Полска, на фестивалската сцена на овогодишното издание на Golden Drum.
Кинга е искусен експерт и за културата и за огласувањето. Со академска позадина во театарската сфера и со 20-годишно искуство во огласувањето, таа има работено со големи брендови како Nike, Ferrero, L’Oreal, Jameson, Unilever, Procter и Gambel. Добитничка е на повеќе награди на национални и меѓународни креативни фестивали, а и самата таа доделува награди како член на жирито на Golden Drum, GeretyAwards и други фестивали.
На предавањето “Can advertising save the world?”, Грзелевска ќе го истражи суштинското општествено влијание на огласувањето и еволуирачкиот концепт на целта за брендовите. Како огласувањето влијае не само на однесувањето на потрошувачите, туку и на општествените ставови и етика? Дали јасната цел на брендот е суштинска во денешниот маркетинг пејзаж, особено со подемот на Gen Z?
Предавањето на Кинга ќе се одржи на 10 октомври 2023 година во Grand Hotel Bernardin во Порторож, Словенија, во рамки на меѓународниот креативен фестивал Golden Drum (9 – 10 октомври).
Вашето учество на фестивалот можете да го резервирате на следниот линк.