Брендот на рум Bacardi ја претстави својата нова кампања со легендарниот хип-хоп продуцент Диџеј Премиер и современиот рапер Дон Толивер по повод овогодинешното доделување на видео-музичките награди на MTV.
Со оваа кампања, Bacardi станува првиот партнер на видео-музичките награди на MTV од индустријата на жестоките пијалаци. Темата на овогодинешното издание на наградите е „50 години хип-хоп“, одбележувајќи пет децении развој на еден од најпопуларните светски музички и културни жанрови.
Според традицијата, раѓањето на хип-хопот се сместува во летото 1973 година, кога диџејот Кул Херц ја организирал првата брејк-бит забава во њујоршката населба Бронкс. Едноминутниот спот на Bacardi ги води гледачите на патување низ времето од 1980-те до денес, претставувајќи хроника на еволуцијата на хип-хопот и издигнувањето на неговата популарност во светски феномен.
Исто така, кампањата го илустрира трајното наследство на Bacardi во сферата на хип-хопот преку неговите најнезаборавни музички референци – од класиката “You Be Illin” на Run DMC во 1986 година, до големиот хит “After Party” на Дон Толивер од 2020 година.
Спотот на Bacardi е снимен во соработка со продукциските компании Paramount Brand Studios и 305 Film, а покрај него, партнерството со MTV ќе вклучува и неколку лимитирани производи во сферата на модата и пијалаците.