Овој петок и сабота (22 и 23 септември), со почеток од 19 часот во Кинотека на Македонија во Скопје, ќе се одржи деветтото издание на меѓународниот фестивал на етнографски филмови ЕТНОФФ, во организација на Македонско студентско етнолошко друштво.
Во текот на двете фестивалски вечери, присутните гости ќе имаат можност да уживаат во проекциите на повеќе етнографски филмови од Македонија, Словенија, Бугарија, Романија, Унгарија, Белгија, Португалија и САД.
Како дел од фестивалот, во сабота од 19 часот, ќе се одржи и Работилница за снимање на етнографски филмови. Предавач ќе биде Билјана Јуруковски, светски етаблиран фотограф чии фотографски експедиции ја однесоа во различни делови на светот, доловувајќи ја суштината на човештвото и расветлување на ретко посетените заедници.
Влезот на фестивалот е бесплатен, а целосната програма е достапна на официјалниот Фејсбук настан на следниот линк.