Кинеските власти и одредија рекордна казна во историјата на земјата од 6,03 милиони јуани, односно милион долари на американската компанија „Проктер и Гембл“.
Компанијата е казнета поради измама на потрошувачите со реклама за паста за заби. Како што објави „Маркет воч“, се работи за телевизиска реклама за забна паста „Крест“, која прикажува дека забите изгледаат побели веќе по првиот ден на користење.
Меѓутоа, според податоците на кинескиот регулатор, за добивање на саканиот изглед на забите во рекламата е користена програма за обработка на видео снимки.