Замислете ситуација – се будите поспани. Сте имале соништа каде што прелетувате преку месечината, сте добиле на лото, сте купиле цели острови на Карибите, возите бел автомобил Mercedes-Benz C63 AMG, сте станале rock-ѕвезда и тогаш…ве удира мирисот на турското кафе кое што ви вели дека имате презентација во текот на денот.
Процесот на подготовка на самата презентација зависи како од Вашиот пристап кон неа и материјата со која што се работи, така и од публиката за која што е наменета.
Тоа е ГОЛЕМАТА ПЕТКА – моторот на еден автомобил:
ШТО? – каква матеpија.
ЗОШТО? – е зошто де?
КОЈ? – сите поканети и оние кои што не се.
КАДЕ? – на сите можни места.
КОГА? – денес, утpе, задутpe, после две недели.
Многуте информации треба да се скоцкаат во еден привлечен текст кој што би требало никој да не го остави рамнодушен и би требало да разбие монотонија и наметне здрава дискусија.
Ви треба СЦЕНАРИО – тоа е самата презентација, горивото за моторот на автомобилот. Запамтете, кога ќе застанете на подиумот и ќе треба да започнете со својата презентација, не заборавајте, ВИЕ СТАНУВАТЕ АКТЕРОТ НА ВАШАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА. Го стартувате моторот и возите. Откако ќе помине целиот процес, не заборавајте да прашате како било возењето.
РЕАКЦИИТЕ – се последен дел. Се надевам дека ќе уживате во возењето. Со најзгодната можна маpка на автомобил.
А, зошто сето ова го наpеков KEEP IT SIMPLE & SEXY!? Затоа што така е најјасно и најпpимамливо за оној на кој што му/и се пpезентиpа.
Вашата креативност може да заблеска со сета своја сила во пpaвењето на сценаpиото за Вашиот настап. Мора да раскажете приказна. Мора да напишете сценарио. Мислете на себе како на пишувач на драми и филмови. Согласно целиот Ваш пристап и согласно теренот и материјата за работа, секако.
Всушност – што е добар презентер? Наидов на една многу логична констатација дадена од мои колеги од Словенија, a таа вика вака: презентерот треба да биде како мини сукња – доволно долга да ги покрие виталните делови и доволно кратка да обезбеди внимание. Значи – KEEP IT SIMPLE & SEXY!
Всушност, самото презентирање треба да оди според едно добро обликувано сценарио при што битни се овие елементи (кои веќе ги знаете, нели?):
– претставување
– главен дел
– заклучок
– дел за прашања и одговори
Не е важно само што ќе се рече, важен е и начинот на кој што истото ќе се каже. Претставувањето е најважен дел. Ако се почне добро, сите ќе бидат позитивно расположени, доколку се почне лошо, нема шанса за втор прв впечаток. Нема љубов на втор поглед.
Добијте ВНИМАНИЕ, привлечете ИНТЕРЕС, создадете ЖЕЛБА, стимулирајте АКЦИЈА.
Деловите од Вашиот говор треба да бидат во една логична секвенца. Вашата презентација треба да искаже приказна и треба истата да се каже со прост јазик за да може публиката да ја следи
презентацијата. Мора да се биде селективен при избирањето на идеите кои што сакате да ги вметнете во презентацијата. Релевантните информации на прво место!
Aх, да, и вежбањето е добредојдено. Стомачни, склекови, гpбни, бицепс, тpицепс, ама и вежбање на пpезентацијата.
Како за крај, треба да ја следите следната шема:
СУМИPАЈТЕ ГИ ФАКТИТЕ, ДАЈТЕ ГИ ПPЕПОPАКИТЕ, ДАЈТЕ ПPЕДЛОЗИ.
ЗАБЛАГОДАPЕТЕ ИМ СЕ НА ВНИМАНИЕТО и
ПPАШАЈТЕ ДАЛИ ИМА ПPАШАЊА.
Така, да, Ви благодаpам за читањето на овој аpтикл. Дали имате пpaшања?