Објавен правилникот за новото издание на натпреварот: Меѓу бројните иновации со кои BalCannes ќе ја истакне генијалноста на регионалната комуникациска сцена, се издвојуваат новите пазарни категории: Crisis Response, Automotive и IT, како и новата група Positive Change Mosaic.
BalCannes продолжува да се развива во служба на истакнување на креативниот потенцијал на регионот – отворен процесот за пријавување на најквалитетните креативни проекти! Официјално е достапен и новиот правилник на овој голем регионален натпревар на креативноста, кој што повторно ќе блесне во поконкурентна светлина и ќе ја дефинира комуникациската индустрија на Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, славејќи ги најдобрите и најоригиналните креативни достигнувања во регионот.
Пред презентацијата на Weekend Media Festival, на која претставници на земјите-учеснички на BalCannes понудија увид во клучните индустриски трендови во секоја земја-членка, во Ровињ беше официјално отворено пријавувањето за новото издание на натпреварот, кое повторно ќе го обедини регионот во името на креативноста – истакнувајќи ги најдобрите комуникациски практики.
„BalCannes прерасна во проект број 1 кој го оцртува креативниот мозаик на овие простори“ – порача Дуња Ивана Балон, член на Организацискиот одбор на BalCannes, но и директорка на фестивалот „Денови на комуникациите“, во рамки на кој од оваа година се одржува BalCannes. „Го слушаме пазарот и заедно со некои од најдобрите експерти од петте земји го дефиниравме BalCannes, кој е ориентиран кон напредок и иднина со нова структура на категории и правила, кои се најдобри досега. Овој проект е создаден за вас, затоа не двоумете се да се пријавите – покажете им на сите што знаете“.
НОВИ ПАЗАРНИ КАТЕГОРИИ: CRISIS RESPONSE, AUTOMOTIVE, IT
Во натпреварувачката група „I. Market Mosaic“, која ги вреднува и наградува проектите според деловните категории во кои и вообичаено се натпреваруваат на пазарот – од храна, алкохолни и безалкохолни пијалоци, телекомуникациски услуги, здравје и фармација, па сѐ до категории како што се корпоративни комуникации, за следното издание на натпреварот ќе бидат вклучени и три нови категории:
– Crisis Response – која ќе ги обединува проектите чија цел била да дадат одговор на кризни ситуации преку обезбедување информации, поддршка и насоки за погоденото население и други засегнати страни;
– Automotive – во која ќе се категоризираат проекти фокусирани на автомобилската индустрија; и
– IT – категорија насочена кон технолошките иновации.
На натпреварувачите ќе им бидат достапни дури 15 категории за пријавување на своите креативни проекти во оваа натпреварувачка група.
НОВА ГРУПА: POSITIVE CHANGE MOSAIC
Изминатата натпреварувачка сезона на BalCannes особено го одрази фактот дека креативците во регионот се фокусирани на општествената одговорност. Поради големиот број пријавени и високо оценети проекти во категоријата „Social Responsibility“, оваа година натпреварот ја воведува и натпреварувачката група „II. Positive Change Mosaic“, која ќе содржи две конкурентни категории:
– Green Impact, фокусирана на проекти кои ги поттикнале потрошувачите да направат повеќе еколошки прифатливи избори и/или ја зголемиле популарноста на еколошки прифатливи производи и услуги кои вклучуваат еколошки свесни пораки; и
– Community Care, категорија која ќе ги слави маркетиншките напори кои биле ефективни во решавањето на одреден социјален проблем.
ДВЕГОДИШЕН КВАЛИФИКАЦИСКИ ПЕРИОД
На натпреварот можат да се пријават целосно интегрирани кампањи, како и поединечни, уникатни делови во рамките на некоја кампања кои претставуваат единствена идеја имплементирана во текот на двегодишниот квалификациски период од 20/08/2021 до 16/11/2023. Пријавувањето на BalCannes е исклучително едноставно – доволно е само да го пополнете формуларот за апликација и да прикачете кратко видео резиме, а сите информации за начинот и условите на пријавување се достапни во Правилникот на натпреварот.
Раниот пријавен рок трае до 17 октомври, додека пак доцниот пријавен рок завршува на 16 ноември 2023 година. За најдобрите креативни проекти и овој пат ќе одлужува жири составено од професионалци од редовите на агенциите и клиентите. Уште едно посебно жири ќе биде составено од претставници на водечките професионални медиуми во регионот со специјализиран пристап и ќе го награди најдоброто креативно дело според нивните критериуми, и тоа со награда која ќе го истакне избраниот проект во BalCannes Report – BalCannes Editor’s Pick Award.
МОЗАИК НА КРЕАТИВНОСТА: ГОЛЕМ РЕГИОНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ
Да потсетиме, познатиот регионален натпревар за креативноста оваа година за првпат се одржа во рамки на „Денови на комуникациите“, а по прогласувањето на победникот на свечената сцена во Ровињ – следеше и објавувањето на BalCannes Report. Извештајот наречен „BALCANNES МОЗАИК НА КРЕАТИВНОСТА“ опфати голем број регионални рангирања со податоци за најдобрите проекти, огласувачи и агенции во регионот, но и во рамките на конкурентските земји. Новата сезона на натпреварот ќе собере сознанија и увиди кои ќе бидат од големо значење за агенциите, огласувачите и пазарите во регионот.
Правилникот со детални информации за BalCannes 2024 – каде што повторно ќе може да се освои златна, сребрена или бронзена награда и да се покаже квалитетот на сопствените проекти пред целиот регион – може да се најде на следниот ЛИНК.