Да ја одржите магијата во комуникацијата свежа и успешна 13 години, бара посветеност која во Друштвото за комуникацисики менаџмент Чептер 4 ја крунисавме со уште една роденденска прослава. Растеме, се менуваме и прилагодуваме на еволуцијата која последниве години силно ги менува основите во комуникациите со јавноста, но за нас остава простор за трансформации кон новите трендови и случувања.
„Навлегуваме во 13 година од постоење на домашниот пазар, како успешно работиме како дел од мрежата на групацијата за комуникациски услуги Chapter 4 со седиште во Виена. Присутни сме на пазарите во Централна и Југоисточна Европа, а дополнителна вредност на мрежата дава ексклузивниот партнер и светски комуникациски гигант BCW Global. Оваа вмреженост овозможува додадена „one-stop“ вредност за нашите клиенти и дополнителна димензија на конкурентност во нашето опкружување“, вели Тодор Стојчевски, партнер и извршен директор на Чептер 4 Македонија.
Водилка во нашето работење, секогаш, беше да се освои довербата на клиентот, одговорност која како комуникациски експерти ја прифаќаме со голема посветеност. Затоа и 13-та година Чептер 4 продолжува да се развива, да расте на четирите стожери кои се дел од нашиот идентитет: креирање содржина, градење доверливи односи со медиумите, организација на настани кои ги следат трендовите и промените во општеството и последниот стожер да понудиме уште многу повеќе услуги на нашите клиенти – лобирање, маркетинг, социјални и дигитални медиуми, советувања, обуки…
За нас, во суштината на бројот 13 е среќата, затоа што нумерологијата претставува фокус, независност, креативност и сигурна база, налик на нас – фокусирани, независни, креативни и во основа, на клиентот секогаш да понудиме персонализиран пристап и решение за неговите очекувања во сферата на комуникациите.
„Стратешките комуникации секогаш во основата го имаат она што претстои. Дури и кога нераскинливо се поврзани со она што било, идејата водилка е за она што клиентот сака да биде. Да се одговори на нечии очекувања бара интеграција на повеќе алатки за комуникација со јавност, а за нас тоа ја зајакнува позицијата на Агенцијата и нејзиниот професионален однос кон клиентите“, вели Тања Јовановска, менаџер за односи со јавност.
Професионалната почит и меѓусебната доверба со клиентите овозможи Чептер 4 храбро да чекори во реализација на својата мисија – да се постигнат комуникациските цели на клиентот. Базирани врз добра комуникација, искрен однос и почит, како и стратешки обмислени чекори за реализација на однапред утврдени цели, Чептер 4 – веќе 13-та година креира влијание.