Решенија за промени на подобро на околината со кои се зголемува продуктивноста на компаниите, притоа водејќи сметка за заштита на животната средина и создавање одржливи системи, беа презентирани на вчерашниот ГДи – Ден за решенија. Повеќе од 200 учесници од разни институции и компании, на деветиот настан во организација на оваа македонска компанија, ги следеа решенијата на ГДи со мото “Биди промената што сакаш да ја видиш во нашиот свет”.
Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во своето излагање ја потенцираше потребата од проактивна меѓусекторска соработка, базирана на алатки за дигитализација за поефикасно справување со заштита на животната средина. Таа дополнително го истакна значењето од примената на современата ГИС технологија и претставените алатки во справување со климатските промени и заштитата на животната средина.
„Сите учесници се уверија во неопходноста од масовна примена на ГИС алатките, вградени во множеството решенија на ГДи, бидејќи се нудат одговори на потребите за справување со новите предизвици, како што се климатските промени и адаптација кон нив. ГДи е иновативна и наградувана компанија, имплементатор на применети технолошки решенија, со над 30 години успешен раст и околу 1.200 клиенти во регионот. Нашите докажани индустриски фокусирани софтвери за деловни процеси и решенија за податоци работат на водечки светски технолошки платформи (ЕСРИ) и се надополнети со целосен опсег на поврзани професионални услуги, обука и постојана долгорочна поддршка. Ова вклучува одржување, операции и управување со промени во системот“ – вели Дејан Крстевски, директор на ГДи Скопје.