Миран Павиќ ја поминал целата своја кариера во сферата на медиумите. Тој е основач на медиуми во кои инвестирал реномиран меѓународен фонд, а неговиот фокус во моментов е пред сѐ на дигиталните изданија. Во првата епизода тој откри што мисли за медискиот бизнис и дигиталните претплати како бизнис модел.
SoMo Borac поддржан од Httpool минатата година го лансираше SoMoCast – поткаст серијал во кој, од епизода во епизода, се претставуваат соговорници од дигиталниот свет со акцент на медиумите и огласувањето. Во пресрет на конференцијата SoMo Borac, која ќе се одржи на 17 ноември во Загреб, гледачите ќе имаат можност да дознаат повеќе за успешни луѓе од дигиталниот свет преку поткасти секоја недела и да ги слушнат нивните искуства за бизнис моделите што ги користат и како постигнале и го задржале успехот во деловниот свет.
Во првата епизода од втората сезона на SoMoCast, модераторот Никола Врдољак од агенцијата 404 беше домаќин на Миран Павиќ, основач и извршен директор на Telegram Media Group, претседател на овогодинешното жири на SoMo Media и ко-основач на Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI). Миран е цел живот во медиумите, соработувал со познатиот технолошки магазин Wired, го уредувал Nedjeljni Jutarnji и раководел со дигиталните операции на Jutarnji list. Денес, неговиот фокус е првенствено насочен кон дигиталните публикации, а оваа година Telegram Media Group доживеа голем успех кога во неа инвестираше угледниот холандски меѓународен фонд Pluralis B.V. Во првата епизода тој откри што мисли за медиумскиот бизнис и дигиталните претплати како бизнис модел.
Претплатата како бизнис модел ја нарекува борба за опстанок, каде што често излегува дека не се сите медиумски куќи организациски прилагодени на неа, а само оние кои „преживуваат“ се оние кои организациски се подредени на новиот модел на работа. Покрај корисни совети преку искуството на Telegram, тој сподели и совети за издавачите кои штотуку размислуваат да воведат претплата. Овогодинешниот SoMoCast се реализира во соработка со стриминг платформата Voyo, а целата епизода на SoMoCast е достапна на платформите YouTube, Spotify, Deezer, Apple Podcasts и Google Podcasts.