Хрватската агенција Bruketa&Žinić&Grey освои бронзена награда на натпреварот Cresta Awards за дизајнот на амбалажата на виното Stina plavac mali Stipančić. Станува збор за престижна меѓународна награда која важи за глобален репер за креативни стандарди, а се доделува веќе 30 години. За наградите одлучуваа повеќе од 120 искусни лидери и професионалци во пазарните комуникации.
Виното Stina се произведува на островот Брач, познат по својот бел камен кој со векови инспирирал многу уметници. Виното Stina исто така сака да ги инспирира сите што го вкусуваат. Затоа неговата етикета се состои од празно бело „платно“ кое го повикува секого да се изрази креативно. Специфичноста на првото вино од еден лозов насад на Stina, познато како Stina plavac mali Stipančić, е тоа што потекнува од тешко пристапно камено лозје во Брач, кое се одгледува на падина со екстремен наклон. Токму тој наклон го евоцира неговата четирислојна етикета. Па така, секој кој сака креативно се изрази на неа има еден предизвик, а тоа е да твори во согласност со косините на етикетата – исто како и винарите во лозјето на Stina plavac mali Stipančić.
Cresta е меѓународна награда за креативност во пазарните комуникациите за која се натпреваруваат многу од најугледните меѓународни креативни компании. За разлика од слични натпревари, во овој случај победниците се избираат со збир на бодови од 120 членови на жирито, без нивни меѓусебни дискусии кои би можеле да влијаат на бодувањето.