Новата натпреварувачка сезона веќе започна – време е да се пријавите за BalCannes, натпреварот за креативност кој ги истакнува најдобрите дела од комуникациската индустрија во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. Исто така е објавен нов правилник полн со корисни информации, кој што на натпреварувачите им служи како водич на нивното патување до освојување на наградите што ги заслужуваат. Во продолжение ви ги пренесуваме одговорите на трите најчесто поставувани прашања: кој, како и кога?
Кој може да се пријави?
Без разлика дали сте добро позната агенција со импресивни резултати или ѕвезда во подем во комуникациската индустрија, BalCannes е местото каде што можете да го покажете вашиот талент на оние кои сè уште ја немале честа да ве запознаат. Можете да се натпреварувате и со комплетни интегрирани кампањи, како и со нивни поединечни делови, а условот е да доаѓате од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија или Србија.
Како можете да се пријавите?
1) Внесете општи информации за проектот: име на проектот, име на агенцијата и клиентот, категоријата во која се натпреварувате и информации за компанијата која го пријавува проектот.
2) Можете да го претставите вашиот проект на еден од двата начини: видео резиме или PDF документ, а од клучно значење е проектот да не содржи информации за тоа кој учествувал во креирањето на проектот. Препорачаната должина на видео резимето е 2 минути.
3) Последниот чекор е додавање на главната визуелна креатива на кампањата, во формат .jpg/.jpeg (се препорачува формат А4) со резолуција од најмалку 300 dpi, што ќе се користи во промотивни цели. Треба да прикачите и резиме на главниот предизвик на брифот, вашето решение и постигнатите резултати (макс. 150 зборови).
Кога можете да се пријавите?
За регионалниот натпревар BalCannes 2024 можете да се пријавите во редовниот рок до 17 октомври 2023 година или најдоцна до крајниот рок за пријавување на 16 ноември 2023 година. Можете да се натпреварувате со проекти кои се реализирани во двегодишниот квалификациски период од 20 август 2021 година до 17 ноември 2023 година.
Исто така, важно е да се напомене дека проектите оваа година можат да се натпреваруваат во две групи на натпреварувачки категории: Market Mosaic и Positive Change Mosaic. Дозволено е со еден проект да се пријавите двапати, односно во двете групи – вашиот проект што е пријавен во која било категорија на Positive Change Mosaic, може да биде пријавен и во една од категориите на Market Mosaic во која најдобро соодветствува проектот.
Подетални информации може да се најдат во правилникот и формуларот за пријавување на BalCannes 2024 на следниот ЛИНК.