На крајот од минатиот месец, италијанскиот бренд на луксузна мода Bvlgari ја претстави својата нова колекција на кожни чанти и аксесоари за сезоната пролет-лето 2024 година.
Во централниот спот на промотивната кампања, италијанската моделка и муза на брендот, Виторија Черети, го истражува совршениот спој на елеганција и луксуз кој ја карактеризира колекцијата, додека истовремено блеска заедно со нејзината хипнотизирачка кожна чанта со змијовидна рачка.
Надоврзувајќи се на тоа, Bvlgari организираши и специјален настан при Париска модна недела, на кој пријателите на брендот уживаа во маѓепсувачката атмосфера, откривајќи ја привлечноста на нивната нова колекција на аксесоари за сезоната пролет-лето 2024.
Но, настанот имаше и една важна цел: да ја одбележи 75-годишнината од лансирањето на првиот накит во змиски стил под капата на брендот. На настанот беше раскажана историјата и приказната на иконичната колекција на змиски накит „Serpenti“, преку скапоцен избор на накит, часовници и додатоци.
Новата колекција на Bvlgari можете да ја разгледате на следниот ЛИНК, а во продолжение погледнете дел од атмосферата на настанот во Париз: