Денес и утре, 9 и 10 октомври, крајморскиот словенечки град Порторож ќе биде домаќин на Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum.
Учесниците кои уште денес ќе пристигнат во Порторож ќе имаат можност свечено да го отворан фестивалот со „Забава за загревање“ во енергичниот амбиент на News Café Bernardin. Како што одминува ноќта, диџеј Мето од Радио Каприс ќе го запали подиумот, гарантирајќи спектакуларна вечер.
Фестивалот ќе им пририди топло добредојде на сите гости, нудејќи кулинарски задоволства кои вклучуваат извонредни словенечки тартуфи од Gold Istra, автентична српска ракија од Rakija bar & shop и префинето македонско вино од Винаријата Тиквеш.
Следниот ден, во вторник, започнува работниот дел на фестивалот – исполнет со бројни интересни предавања, презентации и дискусии за повеќе важни теми од областа на креативноста и пазарните комуникациии.
Круна на денот ќе биде наградната церемонија, поддржана од Mastercard, на која ќе бидат доделени признанија за најдобрите креативни кампањи и решенија во изминатата година. Да не заборавиме, Македонија има финалист во две натпреварувачки категории, како и пар финалисти во натпреварот за млади креативци Young Drummers.
По доделувањето на наградите, прославата на креативноста ќе продолжи на сензационалната забава на „Златните ѕвезди“ во Caffe Teater Piran, поддржана од HitRadio Center, со која ќе биде затворено 29-то издание на Golden Drum.