Меѓународниот креативен фестивал Golden Drum 2023 заврши со синоќешната наградна церемонија, поддржана од Mastercard. Фестивалот конечно се врати на своите корени во словенечки Порторож, каде што беше прославена креативноста среде шармот на јадранскиот брег.
Жирито додели 50 бронзени, 37 сребрени, 29 златни и 12 Grand Prix награди во различни групи и категории.
Престижната титула Агенција на годината ѝ беше доделена на LePub, додека McCann Worldgroup собра најмногу поени и беше прогласена за Агенциска мрежа на годината.
Најдобриот бренд кој оставил белег и ја доби Grand Prix наградата за брендови беше Mastercard. Марцин Сосински од McCann Poland, креативен директор кој стои позади кампањата „Where to Settle“, ја доби престижната титула Креативен директор на годината, оваа година поддржана од Elan.
Титулата Независна агенција на годината, поддржана од Allfred.io, ја доби THIS IS LOCCO од Братислава.
За Продукциска агенција на годината беше прогласена израелската агенција Mud production, додека титулата Дигитална агенција на годината ја доби MRM Romania. Оваа година за прв пат беше доделена и награда за Медиска агенција на годината, поддржана од BH Telecom, која отиде во рацете на UM Romania.
Секцијата на „Сите жирија“ ја додели наградата „Best of Genius Loci“, која ги слави локалните креативни дела кои го претставуваат нивниот препознатлив локален дух, на McCann Poland за „Where to Settle“, создадена за нивниот клиент Mastercard. Наградата „The Best of Social Good“ и наградата „Game Changer“, овозможени од Telemach Slovenia, беа задржани од жирито.
За најуспешна агенција од Јадранскиот регион, која ја доби специјалната награда „Adriatic Agency of the Year“, поддржана од Zavarovalnica Triglav, беше прогласена Via Media од Босна и Херцеговина со „Bingo“. Македонската агенција McCann Skopje, која беше финалист во две натпреварувачки категории, го освои третото место во изборот за „Adriatic Agency of the Year“.
Најновиот член на „Куќата на славните“ е Каталин Добре, ко-извршен директор и генерален креативен директор во McCann Worldgroup Romania и регионален креативен директор во McCann CEE. Тој сега се придружува на ценетите креативни визионери кои не само што инспирирале, туку и длабоко влијаеле на светот на креативноста каков што го знаеме.
Најдоброто креативно решение за брифот на натпреварот за млади креативци Young Drummers, поддржан од Словенечката туристичка организација, е делото „When it’s a Match!“ создадено од Пол Шнајдер од Schneider.Studio од Ереван, Ерменија.
Победниците со себе понесоа одржливи трофеи направени од еколошки материјали.
Честитки за сите победнички идеи, поединците и тимовите зад нив!
Целосната листа на пријавени и победнички кампањи на Golden Drum 2023 може да се погледне на следниот ЛИНК. Галеријата на фотографии од настанот може да се разгледа ТУКА.