Во тек е пријавувањето за новото издание на BalCannes, натпревар кој ја собира регионалната комуникациска индустрија и ги избира најдобрите проекти, агенции и огласувачи, кои ќе бидат прославени под рефлекторите на големата сала на фестивалот „Денови на комуникациите“!
Натпреварот најави и нови категории: во групата на категории Market Mosaic, проектите ќе се натпреваруваат според пазарната категорија во која делуваат клиентите, додека во Positive Change Mosaic ќе се наградуваат проекти кои поттикнуваат општествени промени. Новата група Positive Change Mosaic е поделена во две категории: Green Impact, која ќе се фокусира на проекти кои ги охрабриле корисниците да направат поеколошки избор и/или ја зголемиле популарноста на еколошки прифатливи производи и услуги кои вклучуваат еколошки свесни пораки; и Community Care, која ќе ги слави маркетиншките напори кои биле ефективни во решавањето на одреден социјален проблем. Односно, во нашиот речник – природа и општество!
Доколку минатата година не го најдовте вашето место во веќе постоечките 13 натпреварувачки категории, од BalCannes додадоа уште три нови категории во спектарот на деловни категории: Crisis Response, која ќе ги обедини проектите чија цел била да се одговори на кризни ситуации преку обезбедување информации, поддршка и насоки за погоденото население и другите засегнати страни; Automotive, во која ќе бидат сместени новите проекти кои се фокусираат на автомобилската индустрија; и IT, категорија која посебно ќе се фокусира на технолошките иновации. Во продолжение можете да ги погледнете 15-те категории кои ви се достапни оваа година во натпреварувачката група Market Mosaic:
- Food
- Alcoholic Beverages
- Non-alcoholic Beverages
- Telecommunications
- Finance and Insurance
- Retail
- Health and Pharmacy
- Household
- Fashion and Beauty
- Tourism, Culture and Leisure
- Corporate Communications
- НОВО: Crisis Response
- НОВО: IT
- НОВО: Automotive
- Разно.
На натпреварот можат да се пријават комплетни, интегрирани кампањи или поединечни, уникатни делови во рамките на некоја кампања, кои што претставуваат една идеја имплементирана во текот на двегодишниот квалификациски период од 20 август 2021 до 16 ноември 2023 година. Процесот на аплицирање е брз со едноставен формулар за пријавување, кој им овозможува на апликантите да ја истакнат извонредноста на нивните проекти.
Пријавувањето е отворено во редовниот рок до 17 октомври 2023 година или најдоцна до доцниот пријавен рок на 16 ноември 2023 година.
Правилникот со сите информации за натпреварот, кој овојпат ќе блесне во поконкурентно светло и ќе ја дефинира комуникациската индустрија на Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, може да се најде на официјалните страници на Денови на комуникациите.