Освен самото доделување на награди, како и забавната програма, SoMo Borac годинава за прв пат ќе се одржи во формат на целодневна конференција
Останува само нешто повеќе од еден месец до најважното регионално доделување на награди во областа на дигиталниот маркетинг – SoMo Borac поддржани од Httpool. Од година во година, SoMo Borac ги наградува најуспешните кампањи од целиот регион, а вашите најуспешни проекти можете да ги пријавите до 20 октомври 2023 година.
Освен самото доделување награди, како и забавната програма, која минатата година остана запаметена како одлична забава на која посетителите ја користат можноста да се запознаат, неформално да се дружат и да разменат искуства, SoMo Borac за прв пат оваа година ќе се одржи во формат на целодневна конференција. Целиот настан е закажан за 17 ноември 2023 година во „Tvornica Kulture“ во Загреб, а организациониот тим досега најави четворица странски говорници: Ваманан Пуванесваран, директор за ТикТок во швајцарската агенција Monami; Дино Бурбиџ, експерт за OOH и основач на DINOMO LTD; Франческо Канчелато, главен уредник на онлајн магазинот Fanpage.it и член на Управниот одбор на Европскиот центар за новинарство; и Нико Вуст, директор на одделот за дизајн при агенцијата STRICHPUNKT.
„Возбудата расте со секој изминат ден и јас би сакала веднаш да ви откријам што сѐ можете да очекувате на 17 ноември, но некои работи ќе ги задржиме за себе уште кратко време. Она што засега можам да го потврдам е дека содржината на целата конференција ќе биде исклучително интересна и корисна за сите од дигиталната индустрија, а конференцијата ќе се одржува во две групи – медиуми и адвертајзинг. Со нетрпение очекуваме да ги видиме најдобрите регионални проекти за 2023 година. Речиси 70 врвни регионални експерти имаат задача да го изберат најдоброто од најдобрите. На жирито секако му претстои тешка, но исклучително интересна работа. Секако, тука е и најдобрата забава во градот, која сите наши посетители сакаат да ја користат за дружење, но и за размена на знаења и впечатоци од доделувањето на наградите“ – изјави Ружица Врдољак Личина, извршна директорка на SoMo Borac.
Како и минатата година, главен партнер е Httpool кој ја гледа оваа соработка како можност за зајакнување на регионалното знаење, со цел максимизирање на повратот на инвестицијата за огласувачите, а во категоријата “Special mention by Httpool” ги наградува резултатите постигнати со користење на сите маркетиншки канали.
„Со категоријата Special Mention by Httpool сакаме да ги наградиме иновативните пристапи во дигиталниот маркетинг кои постигнуваат мерливи резултати преку воведување нови практики во дигиталното огласување. Како дел од глобалниот екосистем на Aleph Group, Httpool е врска помеѓу лидерите на дигиталната трансформација и огласувачите на кои им дава поддршка, им обезбедува едукација и пристап до најефективните алатки кои остваруваат резултати на денешницата. Посебен фокус во оценувањето на апликациите за категоријата Special Mention ќе биде употребата на AI технологија, потоа кампањите кои ефикасно користат CDP – платформа за податоци за клиенти или DMP – платформа за управување со податоци за подобро таргетирање и персонализација на пораки или кампањи кои користеле понапредни методи на мерење на успешноста како бренд/конверзија, или МММ (моделирање на маркетиншкиот микс) за мерење на вистинското влијание на огласувањето врз потрошувачите“ – објаснува Иванка Мабиќ Гагиќ, извршна директорка на хрватската подружница на Httpool by Aleph.
Големата новина на овогодинешното издание е што коорганизатор на настанот оваа година е Хрватското друштво на дигитални издавачи (ХУДИ), чија цел е да го унапредува дигиталното огласување во Хрватска, но и во регионот, па соработка можепе да се очекува со оглед на заедничките цели.
Сите новости во врска со SoMo Borac можете да ги следите со претплатување кон нивниот newsletter, на официјалната веб-страница, или преку профилите на Facebook, Instagram и LinkedIn. Исто така, не го пропуштајте SoMoCast, поткаст кој е домаќин на експерти од дигиталниот свет, а се реализира во соработка со стриминг платформата Voyo, достапен на: YouTube, Spotify, Deezer, Apple Podcasts и Google Podcasts.