Платформата за вработување и онлајн трговија Kariera.mk организира еднодневна работилница насловена “AI Revolutionizing Marketing: The Future of Digital Creative Services”, која ќе се одржи на 16 ноември 2023 година во Хотел Мериот во Скопје.
Предавач на работилницата ќе биде Хуго Фаустино, стратегист за креативна употреба на медиумите со долгогодишно искуство и обемно знаење од областа на дигиталната стратегија, менаџирањето на односите со клиентите и примената на технологијата и податоците во маркетингот.
Хуго ќе ги сподели најдобрите практики од својата повеќегодишна работа со брендови како NIKE и CISCO, каде што учествувал во безброј проекти и применувал одлични тактики кои ги отвараат вратите на маркетинг иднината.
Акцентот на предавањето ќе биде ставено на можностите кои ги нуди новата технологија на генеративната вештачка интелигенција во развојот на дигиталните креативни услуги, развојот на брендовите и нивниот однос со потрошувачите.
Заинтересираните учесници можат да го резервиваат своето учество во работилницата по поволна „early bird“ цена од 3.400 денари + ДДВ, достапна до 27.10.2023. Регистрацијата може да се изврши на следниот линк.
За повеќе информации можете да се јавите на телефонот 077 888 722. За влезници на фактура пишете на електронската адреаса: contact@kariera.mk.