Социјалната мрежа X, претходно позната како Твитер, соопшти дека тестира опција за годишна претплата од 1 американски долари за новите корисници.
Тстирањето на ваквата претплата веќе започна во Нов Зеланд и Филипините, па така оние кои ќе се регистрираат на платформата и нема да ја платат „незадолжителната“ цена, нема да можат да поставуваат објави, да коментираат, да споделуваат, да зачувуваат објаи и да ги „лајкуваат“ објавите на другите. Тоа значи дека корисниците кои нема да платат 1 долар ќе бидат ограничени само да прегледуваат и да ги следат објавите на другите „полноправни“ корисници.
Оваа програма, наречена „Not A Bot“, има за цел да ги отстрани троловите и автоматизираните профили со тоа што ќе бара од неверификуваните кориснички сметки да се одлучат за еден од трите планови за претплата „да можат да објавуваат и да стапуваат во интеракција со други објави“.
Тие три планови за претплата се:
– 1 долар за основен функционален профил;
– 8 долари за X Premium; и
– 1000 долари за верификувани организации и компании.
„Овој нов тест е развиен за да ги зајакне нашите веќе значајни напори за намалување на спамот, манипулација со нашата платформа и активност на ботовите. На овој начин ќе евалуираме потенцијално моќна мерка која која ќе ни помогне да се бориме против ботовите и спамерите на X, а истовремено ќе ја балансира пристапноста на платформата со малата сума на надоместок“ – објаснуваат од X во официјален блог-пост.