Агенциската мрежа за медиски инвестиции GroupM, дел од WPP, соопшти дека склучила глобално партнерство со Amazon Ads за воведување на содржини создадени од креатори во пакетот огласувачки услуги на Amazon што агенцијата им ги нуди на своите клиенти.
Соработката им дава можност на клиентите на GroupM да амплифицираат креаторски содржини во рамките на платформата за програматски закуп на реклами Amazon DSP и во рамки на спонзорираните брендирани пласмани на Amazon.
Развиена од The Goat Agency и достапна исклучиво за клиентите на GroupM преку Goat, оваа понуда им овозможува на огласувачите поефикасно да ги унапредуваат комерацијалните резултати со публиката на гигантот за е-трговија Amazon.com. Понудата ги вклучува следните услуги: Off-site DSP Amplification; Sponsored Brands Integration; Advanced Programmatic Creative Optimization; и Product Pages & Brand Store Enhancement. Повеќе информации за сите нив се достапни на следниот линк.
„Развојот на оваа нова можност е важен чекор што го преземаме за подобро поврзување на креативноста и ангажманот на креатор-маркетингот со обемот и софистицираноста на комерцијалната понуда на GroupM Nexus. Возбудени сме што ќе ја продолжиме оваа соработка со Amazon за понатамошно интегрирање на инспиративни содржини во комерцијалното огласување на начини кои даваат вредност за клиентите и потрошувачите на Amazon“ – посочува Саманта Буковски, глобален директор за трговија при GroupM Nexus.
„Возбудени сме што гледаме како GroupM ја користи оваа нова можност да испорачува креаторски содржини директно во потрошувачкото искуство и на тој начин да овозможи придобивки за нашите заеднички клиенти. GroupM е ценет клиент на Amazon Ads и со нетрпение очекуваме да соработуваме со нив на иновативни проекти како овој во иднина“ – додава Ејми Армстронг, директорка за глобален развој на односи со клиентите при Amazon Ads.