Порталот Denník N стана познат по висококвалитетното и независно известување, фокусирано на истражувачко новинарство, транспарентност и одговорност
SoMo Borac поддржан од Httpool наскоро во Загреб ќе ги собере најголемите експерти од дигиталниот свет на целодневна конференција што ќе се одржи во два тека – медиуми и огласување. На 17 ноември, Tvornica Kulture е местото да се биде за дигиталната заедница од целиот регион, при што најдобрите проекти ќе бидат наградени во 15 категории, а ќе биде доделено и Специјалното признание на Httpool – главниот спонзор на SoMo Borac.
Како гостински предавач на SoMo Borac доаѓа и Томаш Бела, ко-основач и веб-директор на независниот словачки дневен весник Denník N. Пред основањето на Denník N, Томаш бил главен уредник на најголемиот провајдер за веб-новинарство во Словачка, sme.sk, и ко-основач и прв извршен директор на компанијата Piano, која на издавачите им нуди софтвер за наплата на содржини.
Denník N стана познат по висококвалитетното и независно известување, фокусирајќи се на истражувачкото новинарство, транспарентноста и одговорноста. Бела и неговиот тим во Denník N се фокусираа на дигитален пристап кон новинарството, давајќи приоритет на онлајн содржините и ангажманот на читателите, и беа првите кои почнаа да експериментираат со одржливи дигитални деловни модели за медиумите во Словачка. Ангажманот на Томаш позитивно придонесе за полето на новинарството во Словачка и ширум светот.
Во своето предавање „Making people pay“, Томаш Бела ќе се осврне на приказната за мала група новинари кои започнале од нула и изградиле профитабилен бизнис модел со претплата, отпорен на притисокот на олигарсите.
SoMo Borac е најважната награда за дигитални проекти во регионот, која се доделува веќе единаесетта година по ред. Коорганизатор на овој настан е Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (ХУДИ). Конкуренцијата секоја година е сѐ посилна, а стручното жири е сѐ побројно. Наградите се доделуваат во два текови – SoMo Media, која ги обединува дигиталните издавачи од најважните регионални медиуми и SoMo Advertising, која ја обединува заедница на дигитални маркетери од целиот регион.
Сите новости за SoMo Borac можете да ги следите преку нивниот newsletter, на официјалната веб-страница или преку нивните профили на Facebook, Instagram и LinkedIn. Следете ги и интересните соговорници во поткастот SoMoCast, кој што се реализира во соработка со стриминг платформата Voyo на: YouTube, Spotify, Deezer, Apple Podcasts и Google Podcasts.