За овогодинешните награди на SoMo Borac пристигнаа најголем број пријави досега
SoMo Borac поддржан од Httpool, кој оваа година ќе се одржи 11-ти пат по ред, ги урива сите рекорди. По повеќе од четири месеци, процесот на пријавување е затворен, а организаторите на SoMo Borac забележаа рекорден интерес од дигитални експерти од регионот, кои доставија над 230 проекти за престижните награди.
SoMo Media, наградата која за прв пат беше воведена во 2022 година, забележа голем раст од над 25%, а вкупно досега се примени најмногу апликации во двата стрима – SoMo Advertising и SoMo Media.
„Од година во година соборуваме рекорди и сме исклучително горди, а особено сме задоволни од Media стримот кој е само во втората година од своето постоење, а веќе бележи огромен пораст на вкупниот број на апликации. Се надевавме дека дигиталните издавачи ќе ја препознаат важноста на оваа награда, што дефинитивно се случи. Категоријата што забележа најголем раст на годишно ниво е SoMo Growth in Advertising. Препознати сме како најважната регионална награда која собира и наградува експерти од областа на дигиталното, а овогодинешниот рекорден број на апликации го докажува тоа. Едвај чекаме да ги видиме овогодинешните победници и нивните дигитални проекти“ – истакнува Ружица Врдољак Личина, извршен директор на SoMo Borac.
Овогодинешниот голем број пријавени проекти е показател за сè побрзиот развој на дигиталната индустрија во регион што ја препознава важноста на овој деловен сегмент. Во натпреварувачкиот сегмент за Advertising, категориите со најмногу апликации годинава се Digital Activation, SoMo Growth и SoMo Content, а голем интерес е забележан и во новите категории Digital OOH и TikTok. Од друга страна, во натпреварувачкиот сегмент SoMo Media, кој се состои од 4 категории, исти и притоа најголеми бројки на пријавени проекти се забележани во категориите Best Storytelling и SoMo Native, додека пак бројот на пријавени проекти во категоријата Digital Product бележи голем пораст.
„Минатогодишниот SoMo Borac направи извонреден чекор напред со додавањето на медискиот сегмент на наградите, а потоа и со соработка со HUDI. Оваа година беше забележан најголем интерес до сега, а со оглед на тоа, како и угледот што го има SoMo Borac, како претседател на жирито имам чест и одговорност да ги изберам најдобрите дигитални проекти од регионот заедно со членовите на жирито. Драго ми е што бројот на пријавени медиски проекти е за речиси 30% поголем од минатата година“ – изјави Миран Павиќ, претседател на жирито за наградата SoMo Media.
Сите новости за дигиталниот свет и за SoMo Borac може да се следат преку нивниот newsletter, како и на социјалните мрежи Facebook, Instagram, LinkedIu и YouTube. Исто така не го заборавајте поткастот SoMoCast, достапен на платформите YouTube, Spotify, Deezer, Apple Podcasts и Google Podcasts.
SoMo Borac поддржан од Httpool е најважниот регионален натпревар за проекти од областа на дигиталната индустрија. За прв пат настанот ќе се одржи во формат на целодневна конференција, а единаесеттото доделување на наградите ќе се одржи на 17 ноември во Tvornica Kulture во Загреб. Обезбедете ги вашите билети на време и бидете дел од настанот што ја обединува најголемата дигитална заедница на едно место.