За време на конференцијата UnBoxed 2023, одделот за огласување на Amazon ги пречека гостите со необична уметничка инсталација насловена “The Museum of Modern Advertisers” („Музејот на модерните огласувачи “).
Се работи за вистинска галерија на тродимензионални скулптури што им оддаваат почит на вредните херои на маркетингот и на навидум обичните моменти од маркетиншката работа кои водат до извонредни резултати. Меѓу скулптурите има маркетинг менаџер, медиа планер, тим на маркетери застанати над биро и слично.
Секоја од скулптурите е намерно направена да потсетува на старите ренесансни дела, но надополнета со современи и функционални технолошки уреди кои емитуваат слики и звуци што треба дополнително да го привлечат вниманието на посетителите.
Изложбата создадена во соработка со креативната агенција Anomaly е дел од активностите на Amazon Ads за промоција на својата нова бренд платформа “Ads that Work as Hard as You Do” („Реклами кои работат исто толку вредно колку и вие“).
Погледнете ја галеријата од настанот: