Линдзи Лохан, Аманда Сејфрид и Лејси Чаберт ги репризираат своите улоги од филмскиот хит “Mean Girls” (2004), со цел да ги промовираат претстојните празнични зделки на американскиот малопродажен гигант Walmart.
Настаните во централниот спот на кампањата повторно се случуваат во истото средно училиште, но овој пат „злобните девојки“ се возрасни и имаат деца, работни места и многу повеќе одговорности. Некогаш популарните девојки сега се без допир со модерните трендови, а нивниот некогашен сленг и моден сензибилетет е далеку од „кул“.
Сепак, сето тоа не ги спречува да го баараат најдоброто од попустите на Walmart за претстојните „Црн Петок“ и „Сајбер Понеделник“ – во што можат да се согласат и со припадниците на помладата генерација.
Кампањата е создадена од колектив на агенции кои се дел од Publicis Groupe, вклучувајќи ги Fallon, Publicis NY, The Community, Contender и Digitas.