По повеќе од 10 години во мрежата на Publicis Groupe Bulgaria и шест години во агенцијата Saatchi&Saatchi Sofia, Владимир Димитров беше назначен за трет креативен директор во бугарската огласувачка агенција.

Фокусот на неговата работа ќе биде новото позиционирање на Saatchi&Saatchi Sofia, наречено “Bravery Measured”, што според зборовите на агенцијата значи „храбри и во исто време деловно ефективни огласувачки кампањи“.
„Нашата цел е да ги испровоцираме нашите клиенти да преземат поголема одговорност и да покажат храброст во нивниот бизнис со цел да добијат поголем поврат во однос на угледот, силата на нивните брендови и деловните резултати“ – објаснуваат од Saatchi&Saatchi Sofia.
Во 2012 година, Владимир Димитров започнува да работи како копирајтер во Publicis Sofia. Потоа стана дел од тимот на Saatchi&Saatchi Sofia, постепено напредувајќи низ позициите на виш копирајтер и креативен лидер.
Владимир Димитров ќе биде третиот креативен директор во Saatchi&Saatchi Sofia, откако пред една година Петар Кесерџиев и Радомир Иванов го презедоа раководството со агенцијата, истовремено комбинирајќи ја функцијата на креативни директори.