Српската Marketing mreža ги награди организациите, компаниите, институциите и агенциите за најквалитетните и најпрофесионални индивидуални и интегрирани кампањи на 9-от фестивал за интегрирани комуникации KAKTUS 2023 поддржан од Shoppster Srbija. За наградите годинава се натпреваруваа дури 207 проекти.
Кампањата „Najvažniji poziv u životu“, осмислена и реализирана од агенцијата Jazavac i Utorak за клиентот Hemofarm Fondacija, беше прогласена за Интегрирана кампања на годината – Grand Prix.
Со вкупно 14 финалисти, меѓу кои и двајца победници, компанијата A1 Srbija, веќе седми пат по ред, беше прогласена за Огласувач на годината. Агенцијата Ovation BBDO со 17 финалисти од кои 4 победници беше прогласена за Агенција на годината.
Агенцијата Ovation BBDO освои награди во категориите – Индивидуални проекти – ТВ и Крос медиа интегрирана кампања за проектот „Štark – I osmeh je tu“ за клиентот Atlantic Grupa – Štark; Индивидуални проекти – Радио за проектот „Tako fina, Patelina“ за клиентот Neoplanta; Индивидуални проекти – Инфлуенсер маркетинг за проектот „Doritos Vrh trougao“ за клиентот PepsiCo.
Агенцијата Jazavac i Utorak освои награди во категориите – Индивидуални проекти – Outdoor, Општествено одговорна интегрирана кампања и Интегрирана кампања на годината – Grand Prix за проектот „Najvažniji poziv u životu“, кој беше реализиран за клиентот Hemofarm Fondacija.
Агенцијата McCann Beograd освои награди во категориите Индивидуални проекти – Принт за проектот „Na dobrom putu“ за клиентот Beogradska filharmonija и Индивидуални проекти – Social Media за проектот „Kad pijem ne vozim“ за клиентот Apatinska pivara.
Агенцијата SIVO освои награди во категориите Индивидуални проекти – BTL и Индивидуални проекти – Директен маркетинг за кампањата „Hoćeš da menjamo mesta?’ за клиентот LIDL Srbija.
Компанијата PepsiCo ја освои наградата во категоријата Индивидуални проекти – ПР за кампањата „Plus za planetu – promena počinje od tebe!“, додека пак компанијата Mercator-S ја доби наградата во категоријата Индивидуални проекти – Внатрешни комуникации за проектот “Zajedno za nas“.
Компанијата A1 Srbija ја освои наградата во категоријата Индивидуални проекти – Event за проектот „A1 Kinoteka letnji bioskop“, како и награда, заедно со агенцијата Leo Burnett Beograd, во категоријата Профитна интегрирана кампања за проектот „Dobar start“.
Компанијата Shoppster Serbia освои награди во категориите Индивидуални проекти – Е-трговија и Дигитална интегрирана кампања за проектот „Sve na jednom mestu“.
Агенцијата Why Not освои награди во категориите Индивидуални проекти – Видео за проектот „Josh! Crna ribica – Neam vremena“ за клиентот Bambi, како и Иновативна интегрирана кампања за проектот „Realno Matis“ за клиентот Matis.
Агенцијата Friday Finally ја освои наградата во категоријата Индивидуални проекти – Content marketing за проектот #NIJEKROFNA за клиентот Jaffa Crvenka.
Агенцијата SmartPoint Adria ја освои наградата во категоријата Индивидуални проекти – TikTok за проектот „HelloWorld video revolucija“ за клиентот HelloWorld.
Агенцијата Executive Group ја освои наградата во категоријата Индивидуални проекти – Media за проектот „dm podkast“ за клиентот dm drogerie markt.
Агенцијата Represent Communications ја доби наградата во категоријата Индивидуални проекти – Execution (Дизајн) за проектот „AI oglas za posao“, додека компанијата SBB ја освои наградата во категоријата Индивидуални проекти – Execution (Продукција) за проектот „Kad imaš izbor, biraš SBB“.
Агенцијата Spellcaster ја освои наградата во категоријата Интегрирана кампања за подигнување на свеста за брендот за проектот „Tvrd spolja, mekan iznutra“ за клиентот Frikom.
Creative Disorder Studio ја освои наградата во категоријата Интегрирана кампања создадена за друг пазар за проектот „Manifesto in the sky“ за клиентот One Albania.
Агенцијата LUNA\TBWA Belgrade ја освои наградата во категоријата Интегрирана кампања за брендирање на работодавач за проектот „Počinjem iz Meka“ за клиентот McDonald’s Srbija.
Web Media Agency ја освои наградата во категоријата Интегрирана кампања на тема медиумска и дигитална писменост за проектот „Internet bonton od A do Š“ за клиентот Telekom Srbija.
За тоа кој ги доби овогодинешните KAKTUS награди одлучи стручно жири составено од признати и почитувани професионалци од компании, креативни, ПР, дигитални агенции и продукциски куќи од Србија и регионот. Жирито од Србија годинава беше во состав: Александра Милачиќ Јелача, маркетинг директор, The Fun&Fit Company; Арсеније Крњајски, креативен директор, Why Not Agency; Ѓорѓе Ѓукановиќ, креативен директор, Havas Adriatic; Душица Матијашевиќ, директорка за огласување и стратегија, Executive Group; Филип Ѓоровиќ, маркетинг директор, Shoppster Srbija & Slovenija; Маја Узелац, генерална директорка за маркетинг и дигитални услуги, L’oréal Adria-Balkan; Марија Којчиќ, раководител на ПР, Lidl Srbija; Марко Анѓелковиќ, лидер на дигиталниот тим, Smartpoint Adria; Миодраг Маринковиќ, директор за развој на брендот во Јадранскиот регион, Frikom; Невена Балшиќ, креативен директор, Leo Burnett; Николета Павловиќ, раководител за социјални медиуми, DRV; Уна Забунов, раководител на одделот за дигитални маркетинг комуникации, Telekom Srbija; Владимир Митровиќ, креативен директор, Ovation BBDO; Владимир Симиќ, креативен директор, McCann Beograd; Зорана Цирица, помошен креативен директор за дигитални технологии, Fullhouse Ogilvy.
Наградата KAKTUS Talents (powered by DExpress) ја освои тимот на Representation кој го сочинуваа Ана Златанов и Кристина Беломарковиќ од агенцијата Represent Communications.
Доделени признанијата KAKTUS All Star
Покрај традиционалните KAKTUS награди, Marketing mreža и оаваа година им додели признанија на најуспешните експерти од агенциите во Србија – KAKTUS All Stars во 11 категории.
Целта на наградите KAKTUS All Stars е да ги поттикне и мотивира експертите од агенциите во Србија, но и да ѝ укаже на стручната јавност за нивниот потенцијал, таленти и креативност. Со оваа награда, Marketing mreža сака да промовира професионални модели, но и да придонесе за подобрување и развој на креативната индустрија во Србија.
За разлика од другите професионални награди на српскиот пазар кои ги наградуваат најуспешните тимови и проекти, меѓу кои се и традиционалните награди KAKTUS, KAKTUS All Stars ги наградува и истакнува поединците од агенциите кои со својата работа, креативност, знаење и вештини, секојдневно ги поместуваат границите на пазарот на маркетиншките комуникации во Србија. Номинирани за наградите KAKTUS All Stars беа сите експерти од агенциите во Србија кои ги доставија своите дела за традиционалните награди KAKTUS 2023.
KAKTUS POWER RANGER е Тиа Докмановиќ од агенцијата Leo Burnett, која заедно со својот тим работеше на кампањи за компанијата A1 Srbija.
Наградата KAKTUS SUPERSTAR ја доби Сузана Ѓорѓевиќ од Hemofarm Fondacije, која заедно со своите тимови работеше на кампањата “Najvažniji poziv u životu”.
Признанието KAKTUS CMF му припадна на Владимир Митровиќ од агенцијата Ovation BBDO, кој заедно со тимовите работеше на кампањи на брендовите Patelina, Štark, Clipsy и Doritos.
Признанието KAKTUS ORIGIN му припадна на Душан Косановиќ, кој во претходниот период заедно со тимовите на Ovation BBDO работеше на кампањи за брендовите Štark и Patelina.
Наградата KAKTUS FIRE STARTER ја доби Ана Пуповац од агенцијата Jazavac i Utorak, која работеше на кампањата “Najvažniji poziv u životu.”
Наградата KAKTUS BIG PICTURE ја доби Огњен Здравковиќ од агенцијата Jazavac i Utorak, кој заедно со тимот работеше на проектот “Najvažniji poziv u životu.”
Признанието KAKTUS PANTONE го доби Сара Мандиќ од агенцијата Jazavac i Utorak, која заедно со тимот работеше на проектот “Najvažniji poziv u životu.”
Наградата KAKTUS LIKE-SHARE-SUBSCRIBE ја доби Анѓела Танасковиќ од агенцијата Jazavac i Utorak, која заедно со тимот работеше на проектот “Najvažniji poziv u životu.”
Наградата KAKTUS FIRST IMPRESSION ја доби Никола Парун од агенцијата Ovation BBDO, кој заедно со тимот работеше на кампањи за брендовите Patelina, Chipsy, Doritos и други.
Наградата KAKTUS BIG SEEN ја доби Ана Пуповац од агенцијата Jazavac i Utorak, која заедно со тимот работеше на проектот “Najvažniji poziv u životu.”
Признанието KAKTUS RISING STAR му беше доделено на Лука Здравковиќ од агенцијата SmartPoint Adria. Влегувањето во финалето на натпреварот KAKTUS Talents ѝ донесе 1 поен, а од членовите на жирито доби дополнителни 3 поени на јавните презентации кои што се одржаа на 20 октомври.
Фестивалот KAKTUS 2023 го поддржаа преку 50 медиумски куќи од целиот регион, како и компаниите Mercator-S, Jaffa Crvenka, Grand kafa, Frikom, Belodore, Knjaz Miloš, Imlek и Neoplanta. Платински спонзор на фестивалот е Shoppster Srbija, златен спонзор на фестивалот е DExpress, сребрени спонзори се Forma Ideale и PepsiCo, додека годинава бронзени спонзори беа SmartPoint Adria и Generali osiguranje. Пријател на фестивалот е Propulsion. Партнери на фестивалот се агенциите – Ovation BBDO, DRV Agency, Info Media Group, Alma Quattro и DPC Networks. Фестивалот беше поддржан и од Direct Media United Solutions, Fusion Communications, Havas Adriatic, Executive Group, Nova Communications и Cheil Centrade Adriatic.
Повеќе информации за фестивалот, како и целосниот список на финалисти и добитници со нивните просечни оценки, можат да се најдат на официјалниот веб-сајт https://kaktus.rs/.