Најважниот регионален натпревар за дигитални проекти SoMo Borac, поддржан од Httpool, го објави потесниот избор на дигитални кампањи кои ќе се натпреваруваат за главните награди на 17 ноември во Загреб. Помеѓу потесниот избор за овогодинешниот SoMo Borac се најдоа и два проекти од Македонија.
Агенцијата Publicis Skopje и клиентот Пивара Скопје, благодарение на проектот “Smooth ON” за брендот Скопско Smooth, се најдоа во потесниот избор на категоријата “SoMo Advertising”, поточно во поткатегоријата “SoMo Growth” за 2022 година.
Во потесниот избор на категоријата “SoMo Media” влезе агенцијата Piksel LTD со кампањата „Засади желба“ за клиентот Penzija.mk. Овој проект ќе се натпреварува во поткатегоријата “Best Storytelling” за 2022 година.
Целосната листа на проекти кои влегоа во потесниот избор за регионалните награди SoMo Borac може да се разгледа на следниот ЛИНК.