Новиот формат на најважниот регионален натпревар за дигитални проекти SoMo Borac, поддржан од Httpool, е во вид на целодневна конференција која ќе се одржи на 17 ноември во Загреб, а целосната програма е веќе објавена! Повеќе од 30 врвни регионални и европски експерти од медиумската и огласувачката индустрија ќе го споделат своето знаење околу повеќе актуелни теми од дигиталната сфера.
Претставникот на Meta, Адам Новаковски, партнер за креативни агенции во Централна и Источна Европа, ќе зборува за огласувањето преку социјалните мрежи – како да се искористи нивниот потенцијал и колку е важен мобилниот телефон како „медиум“ кој денес има најголемо влијание и моќ да привлече внимание. Интересен разговор на тема медиуми ќе водат Матија Бабиќ, извршен директор на Index.hr, и Никола Врдољак од агенцијата 404.
Горлива тема во медиумската сфера е и воведувањето на дигиталните претплати како нов деловен модел, а хрватските медиумски експерти Бојана Божаниќ Ивановиќ од Lider Media, Зоран Турковиќ од 24 sata и Стипе Грубишиќ од Hanza Media, на панел под модераторската палка на Миа Биберовиќ, ќе разговараат за тоа колку тој модел е одржлив во Хрватска и дали публиката ќе ја прифати претплатата како нов начин на функционирање на медиумите. Во своето предавање, моделот на претплата ќе го допре и Томаш Бела, ко-основач и веб-директор на независниот словачки дневен весник Denník N, кој во предавањето “Making people pay”, ќе зборува за мала група новинари кои започнале од нула и изградиле профитабилен бизнис модел со претплата отпорен на притисокот на олигарсите.
Предводникот на револуцијата на дигиталните новински портали во Европа и главен уредник на онлајн магазинот Fanpage.it, Франческо Канчелато, ќе зборува за случајот со Fanpage и новинските медиуми во ерата на алгоритмите. Станува збор за издавачка компанија која ја сфатила промената во медиумскиот екосистем и која работела на создавање производ кој е економски исплатлив и со висок квалитет во медиумскиот контекст.
„Вложивме голем труд во подготовката на целата конференција и за покривање на темите кои се важни за сите во индустријата. Многу сме задоволни од интересот забележан за 11-то издание на SoMo Borac – од конференцијата, преку доделувањето на наградите, па сè до забавата. Веруваме дека ќе ја оправдаме довербата и дека секој ќе си замине со ново знаење, искуство, практични совети, но и нови познанства“ – изјави Ружица Врдољак Личина, извршна директорка на SoMo Borac.
Целосната програма на конференцијата може да се разгледа на следниот линк, а сите новости поврзани со SoMo Borac, од кој нѐ дели само една недела, може да се следат преку официјалниот newsletter, на нивната веб-страница, или преку профилите на Facebook, Instagram и LinkedIn. Исто така следете ги интересните соговорници на поткастот SoMoCast, кој се реализира во соработка со стриминг платформата Voyo, а достапен е преку следните канали: YouTube, Spotify, Deezer, Apple Podcasts и Google Podcasts.