Германскиот луксузен бренд Montblanc му оддава почит на легендарниот спортист и хуманитарец, Мухамед Али, со ограничена колекција на инструменти за пишување кои го раскажуваат неговото животно патешествие од млад боксерски шампион до инспиративна фигура во борбата за човековите права.
Како дел од нивната колекционерска линија “Great Characters” („Големи личности“), Montblanc ги слави поединците кои оставиле трајно влијание врз човештвото. Мухамед Али, трикратен боксерски шампион во тешка категорија и истакнат активист за граѓански права, е еден од најпознатите спортисти и највлијателните личности на 20 век.
Колекцијата од Montblanc посветена на Мухамед Али вклучува три различни изданија на пенкала со мастило.
Првото издание, насловено “Montblanc Great Characters Muhammad Ali Special Edition” е посветено на победите во раната кариера на тогаш младиот Али, специфично победата на Летните Олимписки игри во Рим во 1960 година. Цената на ова пенкало изнесува околу 1,000 американски долари.
Второто издание со име “Montblanc Great Characters Muhammad Ali Limited Edition 1942” укажува на годината во која се родил Али. Меѓутоа, дизајнот на ова пенкало исто така укажува на некои од неговите најзначајни боксерски победи во 1970-те години, односно подоцнежните фази од неговата кариера. Цената на второто пенкало изнесува околу 4,000 американски долари.
Третото издание насловено “Montblanc Great Characters Muhammad Ali Limited Edition 98” е посветено на неговите достигнувања надвор од боксерскиот ринг. Специфично, бројката “98” укажува на 1998 година кога Мухамед Али беше прогласен за „Гласник на мирот“ од страна на Обединетите нации. Цената на ова уникатно издание изнесува неверојатни 38,000 американски долари.
Колекцијата може детално да се разгледа на следниот линк. Официјални застапници за производите на Montblanc во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.