Италијанскиот бренд на луксузен накит и модни аксесоари Bulgari ја лансираше својата нова кампања во пресрет на Божиќната сезона, насловена “Let the Festivities Begin” („Нека започне празнувањето“).
Главна ѕвезда на кампањата е повеќегодишната амбасадорка на брендот и популарна холивудска глумица, Ен Хатавеј. Нејзиниот елегантен шарм ве води на патување низ свет инспириран од архитектонските чуда на Рим, ѕвезди со осум краци, светкави скапоцени камења и иконичниот змиски амблем на брендот.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Anomaly.