Пријавете се во натпреварот и покажете зошто вашите проекти заслужуваат признание од регионот и златни, сребрени и бронзени награди!
Најновото издание на BalCannes уште еднаш ги повикува најдобрите огласувачи и агенции да им покажат на сите во регионот зошто ја заслужуваат победничката титула. BalCannes е натпревар кој го слави духот на нашиот регион и ги поканува натпреварувачите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Словенија да излезат на сцената на фестивалот „Денови на комуникациите“ и да ги покажат своите најдобри и најкреативни проекти и да освојат награди во некои од бројните натпреварувачки категории.
Доцниот рок за пријавување е продолжен за единаесет дена, па сега имате време да се пријавите до 27 ноември – ова е последниот датум! Не ја пропуштајте можноста да ги внесете извонредните проекти на кои работевте последните две години. Слушнете што имаат да кажат жиријата на агенциите, огласувачите и медиумсите, докажете дека го заслужувате вашето место на врвот и освојте златни, сребрени и бронзени награди.
Двегодишниот квалификациски период вклучува проекти кои биле имплементирани помеѓу 20 август 2021 и 16 ноември 2023 година. Можете да аплицирате со интегрирана кампања, како и со делови од кампања кои што претставуваат една единствена идеја, создадени од агенции од Босна и Херцеговина, Хрватска , Македонија, Србија и Словенија.
Дополнителни информации се достапни на официјалната веб-страница www.danikomunikacija.com.